Македонски железници не си ја вршат работата, ќе ги отвориме вратите на операторите од регионот, рече Бочварски

Макфакс

20/11/2023

13:21

2.363

Големина на фонт

а а а

Години и децении нзаназад претпријатието Македонски железници и транспорт работи во тешки услови со финансиска поддршка од Владата за да може да ги реализира одреден број на линии во нивниот оперативен план.

Ова го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и додаде дека минатата годиниа финансиски ги помогнале со 15 милиони евра а оваа година очекува подддршката да достигне до 25 милион евра.

„Би го поставил и прашањето дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави ова претпријатие и дали ние како влада сме задоволни , но сите сме согласни дека ова претпријатие не ја врши работата која ја очекуваат граѓаните од него. И токму поради тоа во Собранието е законот за либерализација на превозот и очекуваме по изгласувањето на овој закон да се отвораат вратите на други оператори од регионот кои што сакаат да оперираат по македонските железнички пруги“, дополни Бочварски.

Тој е дециден дека ќе се продолжи и во делот на изградба на железничките пруги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг