Протести во САД: Пропалестински поддржувачи блокираа мост и упаднаа кај зградата на „Фокс Њуз“, уапсени 50 лица

Макфакс

17/11/2023

21:29

1.404

Големина на фонт

а а а

Масовни пропалестински протести имаше во САД со барање за прекин на огнот во Газа, при што полицијата ги разби демонстрациите и апсеше на различни локации.

Луѓето на мост во Сан Франциско, Калифорнија, протестираа за поддршка на Палестинците во Газа. Околу 200 луѓе го блокираа, а најмалку 50 лица беа уапсени откако демонстрантите формираа човечки синџир меѓу возилата.

Ваквите демонстрации избија откако недамнешните анкети покажаа дека американската јавна поддршка за Израел паѓа, додека властите на Хамас во Газа во петокот соопштија дека повеќе од 12.000 Палестинци, главно цивили, меѓу кои жени и деца, биле убиени откако Израел му објави војна на Хамас во октомври.

Во петокот, њујоршката полиција уапси пропалестински поддржувачи кои упаднаа во седиштето на „Њуз корп“, медиумската компанија која е сопственик на каналот „Фокс Њуз“, како и весниците „Волстрит журнал“ и „Њујорк пост“

Десетици демонстранти се собраа во фоајето на „Њуз Корп“, извикувајќи „Срамота“ и „Фокс њуз, веќе ништо не можеш да сокриеш“. Вашите лаги го прикриваат геноцидот“.