Бајден и Ши ќе се обидат да ги намалат тензиите на самитот во Сан Франциско

Макфакс

15/11/2023

09:55

803

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Ши Џинпинг денеска ќе се сретнат во Калифорнија за да се обидат да ги стабилизираат заладените односи меѓу двете сили.

Средбата е планирана во областа Сан Франциско и ќе се одржи на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска заедница.

Бајден и Ши не се виделе лично од самитот на Г-20 во Бали, Индонезија пред една година.

Американската страна соопшти дека целта на разговорите е да се организира натпреварувањето меѓу двете земји на одговорен начин, да се обезбедат канали за комуникација и да се избегне влегување во воен конфликт.

Во Пекинг, портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг оваа недела рече дека Кина сака односите да се вратат на „стабилен пат“.