[Видео] Кинескиот претседател пристигна во САД за прв пат од 2017 година

Макфакс

15/11/2023

07:18

2.078

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Кина, Си Џинпинг, пристигна во Сан Франциско, каде што ќе учествува на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) и ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Ова е прва посета на Си на САД од 2017 година, кога републиканскиот претседател Доналд Трамп беше во Белата куќа. Си ќе се сретне со Бајден утринава на непозната локација во пошироката област на Сан Франциско.

Тоа ќе биде прва билатерална средба меѓу двајцата лидери по една година.