Деновиве на социјалните мрежи кружи најбрзиот тест за интелигенција. Се нарекува Тест за когнитивна рефлексија и е дел од истражувачки труд објавен во 2005 година од професорот на „MIT“ Шејн Фредерик. Се состои од само три прашања.
Психологот Фредерик им ги поставил истите прашања на 3.428 луѓе во период од 26 месеци. Од сите тие луѓе, само 17 отсто одговориле точно на сите три прашања, а 33 отсто погрешиле на сите пршања. Ова се прашањата:
1. Палката и топката чинат вкупно 1,10 долари. Палката чини еден долар повеќе од топката. Колку чини топката?
2. Ако на пет машини им требаат пет минути за да направат пет делови, колку време би им било потребно на 100 машини за да направат 100 делови?
3. Во езерото има водни лилјани. Секој ден нивната ширина се удвојува. Ако го покријат целото езеро за 48 дена, колку време ќе им треба на водните лилјани да покријат половина од езерото?
Одговори
Ако некое од овие прашања сте го разбрале погрешно - не грижете се бидејќи Фредерик со намера ги дизајнирал така, за луѓето да даваат погрешен одговор кога избрзуваат со истиот. На тој начин, вашиот мозок „скокнува“ до погрешен заклучок пред да ја сфатите вашата грешка.
За првата загатка одговорот е дека топката чини 5 центи. Избрзаниот одговор најчесто е 10 центи, но е погрешен, бидејќи за палката да биде поскапа за цел долар од топката, тогаш палката вреди 1 долар и 5 центи, додека топката е само 5 центи.
Второто прашање е она што обично сопнува многумина, но вистинскиот одговор е пет минути. Времето не се менува без оглед на тоа што се вклучени 100 машини, бидејќи времето на изработка на делот е 5 минути на секоја машина.
Конечно, одговорот на третото прашање е 47 дена. Повеќето луѓе велат дека 24 дена се точниот одговор, но не е. Секој ден водениот лилјан се удвојува, па секој претходен ден лилјанот бил половина помала. Значи, ако на лилјанот му требаат 48 дена за да го покрие езерото, тогаш на претпоследниот ден, 47-миот ден, лилјанот покривал половина од езерото.