9 најдобри намирници за здрави бубрези: Исхрана која ќе го закрепне цело ваше тело и ќе спречи многу болести

Точка

08/11/2023

13:26

6.192

Големина на фонт

а а а

За да имате здрави бубрези, потребно е да се храните здраво. Задолжително во своето мени сместете некои од следните девет намирници.

Медитеранската исхрана и исхраната за проблеми со хипертензија се смета како многу здрава и се препорачува за здравјето на бубрезите.

И двете споменати начини на исхрана имаат ниско ниво на внесување на протеини, а и двете се богати со свежо овошје и зеленчук и здрави масти кои ја поддржуваат работата на бубрезите.


Промените во начинот на живот можат позитивно да влијаат на превенцијата на хроничните болести на бубрезите.

Кога станува збор за болестите на бубрезите, интересен податок е тоа што поголем дел од луѓето нема да почувствуваат ништо во раните фази на болеста.

Она што може да ви сигнализира дека нешто не е во ред со вас е хроничниот умор, проблеми со спиењето, тешкотии при концентрација, сува кожа, често мокрење, чешање, грчеви во бубрезите, мачнини и повраќање, намален апетит.

Најдобра храна за здрави бубрези:

- јаболко;
- боровници;
- зелка;
- брусница;
- јајца;
- масна риба;
- маслиново масло;
- печурки;
- сладок компир.


Намирници кои лошо влијаат на бубрезите:

- конзервирана храна;
- кисели краставички;
- полупроизводи или готови производи;
- преработено месо;
- солени грицки;
- газирани пијалаци.