Ви се јаде пица, но не сакате да чекате достава, а не сте расположени ни да месите тесто? Постои брз и едноставен начин да ја исполните желбата – направете ја на тортиља.
Она што ви е потребно се тортиљи на кои ќе го ставите филот и сè заедно ќе испечете во рерна. Оваа генијална идеја ги воодушеви сите кои ја испробале, а станува збор за наједноставната и најбрза пица која некогаш сте ја подготвиле.
Потребни состојки:
- 1 голема тортиља (интегрална или пченкарна)
- пасирани домати или доматно пире, кашкавал, шунка, свеж босилек, маслинки...
Сè што треба да направите е да поставите една тортиља на хартија за печење, а на неа да ги наредите состојките кои обично ги ставате на пица како доматно пире, шунка, кашкавал, маслинки...
Печете на 160 степени околу 10-тина минути додека тортиљата не порумени и кашкавалот не се растопи. Послужете ја со свеж босилек и уживајте во малку поинаквата, но подеднакво вкусна пица.