Агенција на ОН: Гориво во Газа ќе снема до вечер; Израел: Прашајте го Хамас дали можете да добиете гориво

Макфакс

25/10/2023

09:01

1.840

Големина на фонт

а а а

Додека неколку земји ширум светот повикуваат на „хуманитарни паузи“ во борбите за да се добие многу потребната помош за Газа, хуманитарните работници на ОН на територијата предупредија дека ќе останат без гориво до вечерва.

Во исто време, израелската војска го обвинува Хамас за складирање гориво, објавувајќи сателитска фотографија од десетина резервоари со гориво во Појасот Газа за кои велат дека содржат 500.000 литри гориво.

„Прашајте го Хамас дали можете да добиете гориво“, се вели во одговорот до УНРВА.