Славната пејачка за малку ќе го изгубела животот поради предозирање: „Мешав разни дроги, работев како дилер“, а потоа доживеала невидена популарност

Точка

24/10/2023

08:51

4.849

Големина на фонт

а а а

Славната пејачка Пинк во 1995 година го потпишала првиот дискографски договор којшто ѝ донел популарност и ѝ го сменил животот.

Само неколку седмици пред тоа таа била во животна опасност поради предозирање. Деталите од тоа трауматично искуство ги открила во неодамнешната емисија „60 Minutes“.

Пејачката Пинк изјавила дека консумирала „екстази, ангелска прашина, кристал, секакви работи“ на настанот по повод Денот на благодарноста. Кога водителката ја прашала: „За малку не си починала?“, одговорот бил: „Да“, а потоа пејачката додала дека во тоа време била „надвор од контрола“ како и дека пред тоа го напуштила средното училиште.

„Бев пропаднат човек. Викав и бев бесна. Пораснав во куќа каде моите родители секој ден се караа, фрлаа работи, се мразеа. Почнав да се дрогирам, продавав дрога“, раскажала пејачката.


Пинк подоцна го потпишала договорот за „LaFace Records“ како член на групата „Choice“, а соло кариерата ја започнала во 2000 година по номинациите за „American Music Awards“.

Пејачката во 2012 година во интервју за „Entertainment Weekly“ открила дека интензивно одела на забави од 12 до 15 години, дека ги консумирала сите „клупски дроги“, како и дека нејзината пријателка починала од предозирање. Престанала да се дрогира откако за малку ќе го изгубела животот: „Таква сум јас. Кога ќе одлучам нешто, го правам тоа“.


Исто така таа нагласила дека тешкото детство ја направило посилно: „Никогаш не сум добила дискографски договор затоа што бев слатка. Потпишав договор затоа што бев борбена, имам само толку да кажам...“.

Инаку, пејачката со сопругот Кери Хантом има две деца.