Нарцисоидните луѓе се однесуваат на таков начин што генерално оставаат впечаток дека се грижат само за себеси. Тие можат да манипулираат со ситуации и луѓе во нивна полза, честопати делувајќи себично.
„Можете да погледнете поединечни мерки на нарцизам, можете да погледнете податоци за преваленцијата на нарцисоидната личност во текот на животот, можете да ги погледнете културните трендови поврзани со нарцизмот и сите ја раскажуваат истата приказна: нарцизмот е во пораст“, зборувала В. Кејт Кембел, претседателка на одделот за психологија на Универзитетот во Џорџија.
Секој на својот животен пат се сретнува со егоисти. Но, што можете да очекувате од нарцисите?
1. Никогаш не очекувајте емпатија и сочувство од него
Доколку не му дадете нешто за возврат, тогаш не очекувајте симпатии од него. Нарцисот генерално нема емпатија. Секогаш ќе ве праша: „А што добивам за возврат?“
Доколку тоа не го засега, тогаш тој нема да покаже интерес за вашите проблеми. Ќе почне да ве избегнува кога сте во неволја, но истовремено ќе претставува пред другите дека ви помогнал. На егоистите им недостига ген за емпатија и сочувство. На повеќето нарциси им недостасува самосвест. Своето деструктивно однесување го прeнесувaат на другите.
2. Никогаш не очекувајте да ве слушаат
Нарцисите немаат многу разбирање за проблемите на другите луѓе. Тие само ќе ве слушаат како би можеле да ги искористат вашите слабости или повреди за нивен бенефит.
Овие луѓе не се оние кај кои се упатувате кога ви треба некој да ве сослуша. Ќе го направат тоа, но никогаш нема да обрнат внимание. Ќе го чујат само она што се однесува исклучиво за нив.
3. Никогаш не очекувајте ништо бесплатно
Кога нарцис ќе ви направи услуга, тој/таа брзо ќе го добие назад потрошеното. Се сеќава на сè што направил/а за другите. Ако не може да добие нешто од вас, не очекувајте да ви даде бесплатна услуга. Нема да направат ништо од добри намери. Не очекувајте великодушност. Нарцисот ќе лаже и ќе изневерува за да го добие она што му е потребно. Доколку направил нешто за вас, знајте дека ќе мора да ги платите сметките.