Интервју со Владица Ѓорѓевиќ: Животот може да биде игра, задоволство и креација

Точка

06/10/2023

16:45

109.414

Големина на фонт

а а а

Владица Ѓорѓевиќ е една од првите луѓе на Балканот која се запознала со техниката на „Access Consciousness“ (енергетска техника за ослободување од стрес и креирање на живот по своја мерка) и за прв пат во својата долга кариера доаѓа во Македонија. „Случајно“ во 2009 година се запознава за прв пат со алатките од „Access Consciousness“ додека трага по нешто кое што ќе и помогне да ги надмине тешките животни моменти и ќе и донесе ослободување и радост во се што ја опкружува и веднаш ја препознава како нешто по кое што трагала цел живот.

Уште при првата средба почувствувала големо олеснување и неверојатна сила и радост во нејзиниот свет. Во тоа време работела како менаџер во огромна корпорација и се соочувала со огромен професионален терет, за кој не знаела како да се ослободи и да ја почувствува радоста на животот.


За прв пат во нејзниниот живот благодарение на алатките на „Access Consciousness“ креирани од страна на Гери Даглас и д-р Дејн Хир успеала со леснотија да се справи во најтешките моменти од нејзиниот живот. Од тогаш па се до денес таа успешно ја шири приказната на „Access Consciousness“ како низ Балканот така и низ целиот свет, држејќи разни обуки и работилници, а автор е и на две книги „Ти си извор на својата моќ“ и „Моќта на твоето тело“.


Како што самата споменува во ова интервју, книгата „Ти си извор на твојата моќ“ не охрабрува да освестиме дека во секоја животна ситуација имаме избор и дека можеме да бираме т.е. да бидеме свесни и да го одбереме нашиот пат низ животот. Покрај тоа во нејзината афтобиогравска книга ги опишува сите нејзини потешкотии и животни битки, нејзиното патување од нејзиниот дом во Источна Србија до Шведска, која според неа колку што била земја на можности, толку е и местото на најголемите животни загуби.

Дали е вистина дека тешкотиите во животот ве „примораа“ да научите за различни техники на личен развој?

Да тоа е точно. Мојот интерес за различни методи и техники на личен развој започна многу одамна. Во тоа време работев во корпоративниот свет и имав различни симптоми во телото како егзема на кожата и болки во нозете. Сепак, лекарите не можеа да ја откријат причината зошто тоа се случува, само препорачуваа одмор и релаксација.

Па така, уште пред 25 години се запознав со низа различни техники, како што се: методот Feldenkreis, јога, хомеопатијата, танцот Nia итн... Ги истражував сите методи на личен развој за кои ќе чуев, како што се обуките за лидерство и бев толку желна за нови знаења што читањето и посетувањето на разни курсеви не ми беше доволно, и се стекнав дури и со диплома. Така трагајќи дојдов до техниката Access Consciousness во 2009 година. Станав предавач, но во тоа време тоа го работев само за себе и не планирав да водам обуки и работилници.

Во меѓувреме станувате едукатор на „Access Consciousness“. Кога ја „донесовте“ оваа техника во Хрватска, Србија, Словенија...?

Оваа техника ја „увезов“ во Хрватска во 2012 година, а подоцна и во Србија и Словенија. Едуцирав други водители и техниката потоа брзо се прошири.

Сега имате и Ваша техника која е комбинација од сите оние што сте ги изучиле претходно?

Да, имам своја авторска програма „You are the Power“ и таа е комбинација од сите техники и лидерската програма Radical Collaboration. Целта на оваа програма е да добиете алатки и јаснотија дека промената е лесна и дека во секој момент имаме избор, а со изборот имаме и низа можности кои ни се достапни.

Покрај едукатор, Вие сте и автор на книги. Колку книги имате напишано досега?

Имам објавено две книги: „Ти си изворот на својата сила“ и „Живеј го животот, моќта на твоето тело“. Првата книга е автобиографија и е преведена на повеќе светски јазици: шпански, англиски, руски и турски. Книгата „Ти си изворот на својата сила“ ни помага да имаме избор во секоја животна ситуација и да можеме да избираме, односно да бидеме свесни и да го избереме нашиот пат низ животот.

Пораката на втората книга е да го слушаме нашето тело кое суптилно ни испраќа пораки и да знаеме дека можеме да промениме се што сакаме. Книгата е инспирација за жените и нивните тела и во неа е собрано моето искуство од работилниците во различни култури како Кина, Јапонија, САД, Израел, Турција и низ цела Европа.

Дали е тешко да се биде успешна жена?

Зависи од тоа како го гледаме успехот како жена. Јас бев единствената жена менаџер во лидерскиот тим кога бев во светот на бизнисот и беше тешко, тоа беше конзервативна средина. Меѓутоа, сега кога водам сопствен бизнис, научив многу. Како прво, ние жените сме различни во деловниот свет од мажите. Некако ја бираме улогата на деловна жена и мајка и сакаме успешно семејство и мислам дека не може да се направи и едното и другото. Во деловниот свет нема доволно ментори бидејќи има многу организациски ограничувања. Мислам дека семејството ги спречува жените да бидат успешни.

Што би им препорачале на жените на патот кон успехот?

Треба да одлучат да одат напред и да бидат инспирација за себе и за другите. Да не се откажуваат од своите желби, цели и соништа. Да ја практикуваат моќта на благодарноста - дека сме жени и дека со себе носиме многу придобивки кои што треба да ги искористиме. Тие треба да бидат инспирација за другите жени и да ги поттикнат на патот на напредокот, да ги искористат своите капацитети и способности. Стравот и верувањата што ги носиме од детството и културата се најголемата пречка, која нè ограничува на патот до успехот.

За прв пат во Вашата долга кариера на 11-ти октомври доаѓате во Македонија. Ова претставува прекрасна можност и нашите луѓе да се запознаат со Вас и да бидат дел од Вашите обуки. Што подготвувате за нашите луѓе и што може да очекуваме од Вас?

За време на мојот прв престој во Скопје за прв пат ќе ја претставам работилницата „Ти си моќта“ која е инспирирана од мојата автобиографска книга и им има помогнато на многу луѓе ширум светот да го креираат својот живот надвор од страдањето и болката, да бидат лидери на својот живот и да креираат од срце, а притоа да останат верни на себе си и да го прифатат секој аспект на своето битите.

Оваа работилница ја зајакнува самодовербата и го потикнува внатрешниот дијалог, Ве охрабрува да се држите до Вашите темелни вредности и во секој миг да ги искористувате Вашите силни страни. Оваа посета претставува прекрасна можност за нови познанства и меѓусебна инспирација и охрабрување и се радувам и упатувам топло добре дојде на сите кои сакаат да се придружат на мојата прва работилница во Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг