Најпознатите грчки специјалитети се гиро и суфлаки, но дали сте слушнале за бујурди?
Станува збор за мезе од оваа медитеранска земја, а во продолжение се наоѓа рецептот којшто се подготвува многу лесно.
Состојки:
- 200 грама фета сирење;
- 50 грама кашкавал;
- 1 домат;
- 3 лажици маслиново масло;
- Половина лажица оригано;
- 1 феферонка.
Подготовка:
Вклучете ја рерната. Помал огноотпорен сад обложете го со алуминиумска фолија, па над неа ставете хартија за печење. Прво ставете го фета сирењето па над него ставете сечкан домат на коцки и ситно сечкана феферонка.
Сето тоа прелијте го со маслиново масло и додадете оригано. На врвот ставете кашкавал исечен на коцкички и потоа затворете ја фолијата. Доколку краевите од фолијата не се доволно долги, земете друг дел од фолијата и замотајте го садот.
Печете околу 15 минути на 200 степени Целзиусови, додека сирењето и кашкавалот не се стопат. Извадете го садот од рерна и отворете ја фолијата, па со лажица згмечете ги состојките.
Сервирајте со печен леб или тост-лепчиња.
На здравје!