(Фото) „Кога ќе поминат пет минути, а ти не си побарал милијарда долари помош“: Илон Маск го исмеа Зеленски, Украинците му возвратија

Точка

02/10/2023

22:20

4.352

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на „Tesla“ и платформата „X“ Илон Маск, на таа платформа објавил пост во кој го исмева украинскиот претседател Володимир Зеленски поради тоа што бара помош за војната со Русија.

На фотографијата која ја објавил Маск се гледа монтажа од Зеленски од младите денови, на која му излегуваат вените од вратот и на која пишува: „Кога ќе поминат пет минути, а ти уште не си побарал милијарда долари помош“, пренесува „Reuters“.

Со овој пост Маск им се приклучил на крајните левичари и десничари ширум светот кои тврдат дека западните земји, првенствено САД, треба да престанат финансиски и воено да и помагаат на Украина и да ја пуштат сама да се справи со Русија.

Украинците реагирале на објавата на Маск со објава на пораки од официјалниот профил на украинскиот парламент на кој е поставена фотографија од Маск и текст: „Кога ќе поминат пет минути, а ти уште не си ширел руска пропаганда“.

На Маск му одговорила и групата „Републиканци против Трамп“, кои напишале: „Зошто исмеваш храбар лидер кој ја предводи својата нација во херојска борба за слобода? Имаш ли малку срам?“.

САД од почетокот на војната до сега одобриле речиси 113 милијарди долари помош за Украина, пренесува „AP“, наведувајќи дека американскиот претседател Џо Бајден побарал од Конгресот дополнителни 24 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг