Земјотрес ја погоди БиХ, се почувствувал и во Хрватска

Макфакс

02/10/2023

13:28

2.376

Големина на фонт

а а а

Околу 10.30 часот силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на седум километри од Груд во Босна и Херцеговина.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од осум километри.

Земјотресот е регистриран на седум километри од Груд и на 39 километри од Мостар. Се почувствувал и во Далмација.

Според сведоштвата на граѓани, земјотресот бил силен и траел 10-15 секунди, пренесува „Кликс.ба“

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.