Марк Цукерберг се појави на Инстаграм со две модрици на лицето. Ко-основачот на Мета сподели селфи фотографија и откри дека има две нови повреди со кои се здобил на тренинзите џиу-џицу.
„Спарингот малку излезе од контрола. Можеби треба повторно да го направам мојот аватар“, напиша тој во описот на фотографијата.
Инаку, Цукерберг со години вежба џиу-џицу. На почетокот на мај настапил на турнир на кој се снашол доста добро, освојувајќи два златни и еден сребрен медал, иако според американските медиуми во еден момент изгубил свест.