Курти: Целта на нападот во Бањска беше анексија на северот на Косово и коридор кон Србија

Макфакс

02/10/2023

12:55

1.863

Големина на фонт

а а а

Косовскиот премиер Албин Курти денеска се обрати до јавноста преку социјалната мрежа Х.

„Врз основа на одземените документи, косовската полиција потврди дека терористичкиот напад бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово преку координиран напад на 37 различни позиции“, изјави Курти и додаде: би следело формирање на коридор кон Србија, за да се овозможи снабдување со оружје и војници.

Поранешниот потпретседател на партијата Српска листа, Милан Радоичиќ, минатата недела потврди дека го организирал нападот. Тој негираше дека имал поддршка од властите во Белград.