Казни за 563 возачи во државата, се возело пребрзо

Макфакс

02/10/2023

10:53

959

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 563 возачи.

Од нив 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 255 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 308 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг