Петковиќ: Курти продолжува да го тероризира српскиот народ

Макфакс

02/10/2023

10:38

1.952

Големина на фонт

а а а

Директорoт на канцеларијата за Косово Петар Петковиќ, се обрати по повод настаните во Бањска пред медиумите.

„Курти продолжи со теророт кон српскиот народ. На денот кога Србите ги погребуваа своите најблиски, Курти го уапси Лазар Јаниќијевиќ кој требаше да се прости од школскиот другар Стефан кој беше погребан во Врњачка бања“, започна Петковиќ и додаде: „Теророт продолжува бидејќи нема реакција од меѓународните власти. Бараме само да бидат објективни, неутрални. И пред се, ова е клучното прашање за Еулекс“, истакна Петковиќ.

„Зошто косовската полиција им забрани на истражителите на Еулекс да бидат на лице место – Србија ќе инсистира да се истражи. Зошто се бранеше Еулекс? За да не се открие дека во редовите на косовската полиција имало платени убијци со задача да убиваат Срби“, рече Петковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг