Спречен обид за криумчарење мотоцикли и друга стока која македонски увозник се обидел да ја внесе без да ја пријави

Макфакс

02/10/2023

09:59

3.162

Големина на фонт

а а а

Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари.

Меѓу непријавената стока се четири употребувани мотоцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари. Обидот за криумчарење е откриен од страна на царинските инспектори од мобилниот тим на Царинска управа при детална контрола на камионот кој се пријавил за увозно царинење на царинската испостава Тетово.

Стоката не е декларирана во царинската увозна декларација, ниту е пријавена во приложената фактура од страна на увозникот.

Непријавена стока е одземена, а против увозникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело криумчарење согласно член 278 од кривичниот законик.





Спонзорирани линкови

Маркетинг