(Фото) „Лајла Грејс“ го кажа судбоносното „да“: Марија Јаневска направи свадба во Белгија

Точка

02/10/2023

23:55

5.683

Големина на фонт

а а а

Авторката на повеќе бестселери, Марија Јаневска, го кажа судбоносното „да“. Таа изминативе години живее во Гент, Белгија, каде го завршува својот докторат по Вирологија.

Имено, нашата „Лајла Грејс“ го пронајде својот избраник токму во оваа земја, па таму решиле и да ја овековечат нивната љубов.

Марија и нејзиниот избраник имаат и тетоважи во знакот на картите Кралица и Крал, кои се уште еден симбол кој го обележува нивниот заеднички почеток во брачните води.


Венчаницата на Марија била во форма на сирена, целосно извезена со кристали, а нејзиниот партнер Али носел црн смокинг. Свадбената веселба парот ја направил во замокот „Kasteel van Zwijnaarde“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг