Во Македонија пристигнаа телефоните од серијата iPhone 15. Цените на новите модели се доста високи – пресметавме колку просечни месечни плати ви се потребна за некои од нив.
Во Македонија најевтиниот модел – iPhone 15 128GB – чини 65.000 денари, iPhone 15 Pro 128GB чини 82.000 денари, iPhone 15 Pro Max 256GB чини 99.000 денари, а најскап е iPhone 15 Pro Max 1TB, чија цена изнесува вртоглави 125.000 денари.
Македонија (просечна плата 36.286 денари – јули 2023 година)
- iPhone 15 128GB – 1,79 плати;
- iPhone 15 Pro 128GB – 2,26 плати;
- iPhone 15 Pro Max 256GB – 2,73 плати;
- iPhone 15 Pro Max 1TB – 3,44 плати.