„Дали Бамби ќе биде променет во лос?“: Дизни најави модернизација на „Бамби“ и повторно се најде на мета на критики

Точка

30/09/2023

17:01

3.047

Големина на фонт

а а а

Плановите на „Дизни“ да му даде на Бамби модерен пресврт со минимизирање на значењето на трагичната смрт на неговата мајка, предизвикало критики. Писателката Линдзи Андерсон Бир, неодамна за „Collider“ изјавила дека работи на сценарио за повторно снимање на анимираниот филм од 1942 година, за модерната публика.

„Сакам да го оживеам за денешните деца, на начин на кој тие можат повеќе да се поврзат со него“, споделила таа. Додека зборувала како би го модернизирала Бамби со цел повеќе да го приближи до денешните деца, таа истакнала дека филмот поинаку ќе се занимавал со смртта на мајката на Бамби.


„Не би давала спојлери, но мислам дека некои деца, некои родители се почувствителни овие денови отколку што биле во минатото, кога станува збор за мајчина смрт. И мислам дека тоа е една од причините поради која тоа не го прикажале на своите деца“, раскажала таа.

Тоа предизвикал реакции кај луѓето: „Дали Бамби ќе биде променет во лос?“, „Модернизиран Бамби? Таа приказна има порака и денес“, „Се прашувам што значи тоа „модернизирано“? Дали Бамби ќе го претворат во лос?“, „Во оригиналната приказна за Бамби немаше ништо што врескаше „ова е направено во 40-тите“, се само дел од коментарите на „X“ (поранешен „Твитер“).


Да потсетиме, „Дизни“ претходно беше на удар на критиките за своите неодамнешни промени во анимираните класици, како што е изборот на црната актерка Хали Бејли како Ариел во новата верзија на „Малата сирена“ и „Снежана“ во која седумте џуџиња се заменети со политички коректни суштества од сите полови.