Актерката од „Сопранови“ се свртела кон платформата за возрасни „OnlyFans“: „Сфатив дека можам да бидам платена за тоа“

Точка

29/09/2023

20:24

6.332

Големина на фонт

а а а

Женската ѕвезда на серијата „Сопранови“, Дреа де Матео (51), шокираше со неодамнешното интервју во кое изјави дека нејзината кариера сериозно била погодена од пандемијата, со оглед на тоа дека одбила да се вакцинира, а агентот ја напуштил поради таквата одлука.

„Не сметав на оваа животна промена, дека одеднаш ќе морам да ја менувам кариерата и да смислувам „излезни стратегии“ бидејќи мојата сопствена индустрија мисли дека сум, знаете, дивјак“, изјавила Дреа.


„Претпоставувам дека може да се каже дека бев лоша девојка бидејќи не ги почитував правилата пред неколку години. Затоа, не сакам никогаш повеќе да бидам на милост на мандат, штрајк или нешто слично“.

Де Матео, која редовно ги објавува своите контроверзни ставови за вакцините на „X“, објаснила зошто на крајот одлучила да ѝ се придружи на „OnlyFans“, платформа за возрасни заснована на претплата.


„Помислив како се сите на Инстаграм во долна облека и костими за капење, а јас не го правам тоа. Па сфатив дека можам да бидам платена за тоа. Моите деца се мојот број 1. Да ми кажеа дека можам да работам „од дома“, не би им верувала. Знам дека луѓето ме критикуваат, но јас сум мајка-воин која не прифаќа пораз“, вели актерката.


Иако Дреа има освоено Еми награда за своите актерски способности, таа истакнува дека била слабо платена, акцентирајќи ја платата во првата сезона од серијата која изнесувала само 500 долари, пренесува „Page Six“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг