Блинкен за состанок меѓу Бајден и Путин: Никогаш не вели никогаш!

Точка

28/09/2023

20:09

2.849

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен не ја исклучува можноста претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, повторно да се состанат во иднина.

„Гледајте, никогаш не вели никогаш, бидејќи на крајот на краиштата, сите сакаат, почнувајќи од Украинците, е праведен и траен мир. Па, ајде да видиме дали некогаш ќе дојде до точка кога тоа ќе биде можно“, рекол Блинкен во разговор за „Atlantic“.


Тој додал дека САД веруваат дека Советот за безбедност на ОН има многу проблеми и дека Вашингтон работи на тоа повеќе земји да се приклучат на ова светско тело.


„Советот за безбедност има многу проблеми и ние работиме на нив. Спроведуваме напори навистина да го реформираме Советот, во него да доведеме земји кои подобро ја одразуваат денешната реалност“, рекол американскиот државен секретар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг