Урнебесно видео од зоолошка градина во Лондон: Горили бегаат од дожд, а нивното однесување е идентично со она на луѓето

Точка

27/09/2023

17:17

4.580

Големина на фонт

а а а

На 24-ти септември беше одбележан Светскиот ден на горилите, а денеска се занимаваме со една вирална снимка од зоолошка градина во Лондон која насмеа милион интернет корисници.

На видеото се гледаат две горили како трчаат да се засолнат, откако започнало да паѓа дожд, додека во позадина се слуша „заразно“ смеење. Веднаш да нагласиме – со причина!

Непознатиот автор го фатил моментот додека животните бегале од дождот, а се однесувале како луѓе во такви моменти.

На видеото гледаме како едното животно држи зелено растение во едната рака додека со другата ја прекрива главата за да не накисне. Многумина го препознале овој момент, пренесува „Daily Mail“.

Камерата потоа ја следи другата горила која со голема брзина трча да се засолни, а особено е смешно што изгледа како да носи беж јакна врз главата.

Урнебесното видео е прегледано повеќе од 33 милиони пати, а доби над 23.000 коментари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг