Пожар во Долнени, на терен еден противпожарен авион

Макфакс

27/09/2023

14:47

915

Големина на фонт

а а а

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека, рано утрово, во атарот на с. Гострижни во Општина Долнени избувна пожар, при што гори висока сува трева, нискостеблеста деградирана шума и појас со висока дабова и габерова шума.

На терен се противпожарни екипи од ЈП „Национални шуми“ и ТППЕ Прилеп, а и дел од противпожарните сили коишто се префрлени од претходната интервенција во истата општина – од пожарот кај с.Слепче.

Како воздушна поддршка на силите, коишто дејствуваат од земја, е пратен еден воздухоплов – противпожарен авион од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), за да помогне за прекин на ширење на пожарот во шумскиот дел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг