„Фајненшл тајмс“: БиХ треба да се ослободи од Додик пред да влезе во ЕУ

Макфакс

27/09/2023

13:07

1.327

Големина на фонт

а а а

БиХ треба да се ослободи од сепаратистичкиот српски лидер Милорад Додик пред да влезе во Европската Унија, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ) повикувајќи се на изјавата на високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, дека не може да замисли Додик и неговата придружба да одлучуваат за европските прашања.

„Не мислам само на неговото блиско политичко пријателство со Владимир Путин, туку и на неговото непредвидливо однесување“, рече Шмит.

Додека Балканот се подготвува за пристап во ЕУ, Босна е една од двете земји што допрва треба да ги решат основните прашања за државноста. Втората е Косово, пишува ФТ.

Босна и Херцеговина го претрпе најтешкото од југословенските војни во 90-тите и оттогаш земјата е управувана со меѓународен мировен договор. Сè уште е оптоварена со криминал, корупција, сиромаштија и емиграција, пишува весникот.