Ново правило во Берлин: Градот ќе одредува кој колкав стан може да изнајми

Макфакс

27/09/2023

13:00

970

Големина на фонт

а а а

Од 2024 година во Берлин стапува во сила новиот закон за издавање станови, неодамна усвоен од берлинскиот Сенат. Според новото правило, самците ќе може да изнајмуваат само еднособен стан, а паровите стан со две спални.

Пред речиси две недели берлинскиот Сенат објави „проект за борба против недостигот на станови во Берлин“. Строгите регулативи на пазарот на домување треба да обезбедат повеќе станови и поволни кирии во Берлин во иднина. Но, планот предизвика револт кај станарите.

И покрај сите критики, проектот сега е официјален. Самците во Берлин ќе може да се вселат само во апартмани со една соба. Договорот важи од 2024 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг