„Ако тие се разделат – љубовта не постои“: По разводот на Хју Џекман и Дебора, луѓето откриле кои други разделби на „идеалните“ холивудски парови би ги разочарале

Точка

27/09/2023

13:14

13.187

Големина на фонт

а а а

Актерот Хју Џекмен се разведе од Дебора Ли Фурнес, 13 години постара од него, по речиси 3 децении брак.

Оваа одлука изненадила многумина, бидејќи тие двајца важеа за еден од најхармоничните парови во Холивуд. Нивниот развод е главна тема на светските медиуми, но и на социјалните мрежи, каде коментираат дека разделбата на познатиот пар ги „растажила“ и им ја „разнишала вербата во вечната љубов“.


Па така, еден „Инстаграм“ корисник го поставил прашањето: „Кој е вашиот следен „ако тие раскинат, љубовта не постои“, пар?“

Заедно со ова прашање, тој објавил фотографија од актерскиот пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, кои на многумина им се омилен селебрити пар, а неодамна го добиле и своето четврто дете.

Блејк и Рајан неретко си оставаат саркастични коментари на социјалните мрежи, но и изјави на нежност, што беше случај неодамна кога актерот со емотивна објава ѝ го честиташе роденденот на сопругата.


Еден од паровите кои луѓето исто така ги навеле како пример за „идеална љубов‘“ се Емили Блант и Џон Красински.

Двајцата почнале да се забавуваат во 2008 година и се венчале две години подоцна на езерото Комо во Италија. Тие во 2014 година ја добиле ќерката Хејзел и сакаат да го држат приватниот живот подалеку од очите на јавноста, па ретко зборуваат за приватниот живот.


Актерката Сара Мишел Гелер и нејзиниот колега, Фреди Принц Џуниор се заедно повеќе од 20 години и многумина ги навеле како „парот чија разделба би ја нарушила нивната верба во љубовта“.

Сара и Фреди се запознале во 2000 година на снимањето на филмот „I Know What You Did Last Summer“. Во април 2001 година се вериле, а во септември 2002 година се венчале во Мексико. Овој пар има 2 деца.


Меѓу оние чиј брак важи за еден од најстабилните во светот, секако се Дејвид и Викторија Бекам. Нивната љубовна приказна започнала во 1997 година, а се запознале на еден од натпреварите на Дејвид.

„Разговаравме еден час во салонот на играчите, а истиот ден таа со воз замина дома. Го напиша својот број на картата од возот, која сè уште ја чувам“, своевремено изјавил поранешниот фудбалер.


Тие се вериле една година подоцна, а истата година се венчале и го добиле синот Бруклин. Подоцна ги добиле синовите Ромео и Бруклин, како и ќерката Харпер Севен. Иако често се пишувало за проблемите во нивниот брак и за наводното неверство на Дејвид, двајцата успешно се спротивставиле на сè и важат за еден од најпопуларните парови.

Актерот Курт Расел и неговата колешка Голди Хоун се заедно од 1983 година и многумина ги сметаат за најскладниот холивудски пар.

Двајцата имаат деца од претходните врски и бракови, како и заедничкиот син Вајат.


Иако нивната љубов на многумина им служи како пример, Голди и Курт никогаш не се венчале, а таа еднаш открила и зошто. „Да се согласев да се омажам, одамна ќе бев разведена. Доколку имате потреба да се поврзете со некого, тогаш важно е да сте во брак. Но, ако сте независни по природа, подобро е да не стапувате во брак“.

Доколку би се развеле Мила Кунис и Ештон Качер, судејќи по коментарите на социјалните мрежи, многумина би биле разочарани во љубовта и бракот.

Тие двајцата работеле заедно на снимањето на серијата „That ’70s Show“, а потоа секој тргнал по својот пат. Меѓутоа, во 2012 година нивните патишта повторно се вкрстиле и оттогаш се заедно. Ќерката Вајат Изабел ја добиле во 2014 година, а се венчале една година подоцна на тајна церемонија во Калифорнија. Синот Димитри Портвуд Качер го добиле во 2016 година.


Многумина нивната љубов ја нарекуваат „судбинска“, а особено интересен податок е тоа што бакнежот со Ештон во споменатата серија ѝ бил првиот бакнеж на Мила во животот.

Исто така, уште еден пар кој го сметаат за „совршен“ се Том Хенкс и Рита Вилсон.

Тие оваа година прославиле 35 години брак и ја одбележале со емотивни објави на „Инстаграм“.

Хенкс и Вилсон се запознале во 1981 година, а врската ја почнале 4 години подоцна. Меѓутоа, тој тогаш бил во брак со Саманта Луис, а ја изневерил со Рита. Иако не се гордее со овој чин, актерот смета дека имал повисока цел, како што многупати досега изјавил. Со оглед на тоа што Рита по потекло е Гркинка, Том го прифатил православието од голема љубов кон неа.


Покрај овие, луѓето ги навеле и Никол Ричи и Џоел Маден, Доли Партон и Карл Дин, Кристен Бел и Дакс Шепард, Кевин Бејкон и Кира Сеџвик како парови „чии разделби би ја разнишале нивната верба во љубовта“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг