Сараевскиот фудблогер Нено Свјетлановиќ на многумина им е познат по интересните рецепти и карактеристичниот хумор, а овојпат своите следбеници ги изненадил со „пита од сладолед“.
Имено, минатото лето луѓето му испратиле интересна објава од Твитер, каде пишувало „Толку е жешко, да е крајно време некој да измисли бурек со сладолед“, за да го убедат да направи таков рецепт.
Конечно одлучил да направи една слатка варијанта на пита со сладолед. За таа прилика тој почнал од „нула“, па дури и направил домашен сладолед, а целиот процес на подготовка можете да го погледнете во продолжение.
200 гр шеќер;
850 гр крем за готвење со 20% млечни масти;
Eдно зрно од ванила.
1 кг гала јаболка;
180 гр ореви.
Половина кафена лажичка морско оревче;
Две каранфилчиња;
80 гр кафен шеќер;
90 гр мед;
50 мл рум (по избор);
Јуфки;
200 гр путер (за премачкување);
2 лажички скроб.
170 мл вода;
130 гр шеќер;
100 гр мед.
100 гр шеќер;
40 гр путер;
80 мл крем со 20% млечни масти.
„Бидејќи не е легално да го направам најбараниот рецепт за минатата година, компромисно ќе направиме хибридна пита со сладолед, а вие наречете ја како сакате“, напишал Нено на почетокот на објавата.
Овој рецепт веднаш го пофалиле неговите следбеници и со тоа му посакале добредојде на социјалните мрежи, бидејќи одамна немал објавено рецепт.
„Добро изгледа“, „Каков крал си“, „Конечно“, „Ова е топ“, „Нено, немам зборови, што сè прави овој човек, сè e елегантно, шеговито, концизно зборува преку елементи на шега, ова е топ“, „Човекот може да биде и актер, режисер, сценарист“, „Топ“, „Секоја чест“, биле само дел од коментарите под објавата.