(Видео) Маж во Словенија пукал од семејна куќа и отворил оган врз полицајците кои го опколиле

Макфакс

26/09/2023

21:48

1.787

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Словенија пред 9 часот утринава добила дојава за пукање, во Драженци во близина на градот Птуј. Маж од семејна куќа пукал и во полицијата, која во меѓувреме ја опколила куќата. Напнатата ситуација траела со часови, пренесува словенечки 24 ur.

Пристигнувајќи на местото на настанот пронашле маж со оружје и постојано барале од него да го спушти. Тој одбил да го стори тоа и почнал од балконот да пука кон полицајците.

Човекот неколку пати излегол на балконот од кој испукал неколку истрели во 9 часот и 48 минути. Целта му биле и полицајците“, изјави портпаролката на полициската управа во Марибор, Анита Ковачич Челофига.

Во однос на тоа дали се точни објавите на социјалните мрежи дека мажот во куќата држи заложници, Ковачич Челофига одговорила дека полицијата воспоставила контакт со едно лице и дека нема информации дека некој друг е со мажот во куќата.

Мештаните за словенечката јавна телевизија изјавиле дека осомничениот имал многу оружје со себе.

По десет часа заврши драмата во Птуј. Полицијата успеала да го уапси осомничениот.

❗V ŽIVO❗Policisti razkrivajo nove informacije o streljanju na Ptuju ⬇️

Posted by Ptujinfo.com on Tuesday, 26 September 2023



Спонзорирани линкови

Маркетинг