Лавров: За која војна цената ја плаќаат народите на Сирија, Венецуела, Авганистан или граѓаните на Ирак?

Точка

26/09/2023

18:51

2.228

Големина на фонт

а а а

Финска со неверојатна брзина го погази својот неутрален статус и репутација и се стопи во антирускиот проект на НАТО каде со огромно задоволство ги исполнува задачите кои Алијансата и ги наметнува, истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер не е изненаден од изјавите на западните колеги меѓу кои и министерката за надворешни работи на Финска, Елине Белтонен, која претходно изјави дека западните санкции воведени против Русија директно ги загрозуваат жителите на Руската Федерација и дека Русите кои живеат во „нормални демократии“ треба да ја платат цената за започнувањето на „специјалната воена операција“.


Западните лидери претходно велеа дека санкциите се насочени кон промена на политиката во државата против која се воведени и дека хуманитарниот аспект секогаш се зема предвид за народот на санкционираната држава да не биде загрозен, потсетува Лавров.

Меѓутоа, финската министерка, според зборовите на Лавров, отворено признала за што служат санкциите – да се нанесе болка на обичните луѓе и рускиот народ да ја плати цената да се крене против својата држава.


Изјавата е премногу груба, оценил тој и додал дека Хелсинки е дел од антируската и русофобска кампања на Западот.

Тогаш и го поставил прашањето на својата колешка од Финска, за која војна плаќаат цена народите на Сирија, Венецуела, Авганистан или граѓаните на Ирак, чии градови се бомбардирани за да се сее страв меѓу населението.


Од споменатите санкционирани земји тие крадеа средства, истакнува Лавров и нагласува дека западните земји, меѓу кои и Финска, и од Русија украле 300 милијарди долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг