Што мисли Кит Ричардс за рап музиката: „Не сакам некој да вика на мене, доста ми е дома од тоа...“

Точка

26/09/2023

16:33

3.313

Големина на фонт

а а а

Кит Ричардс, во новото интервју го изнел својот став за рап музиката, велејќи дека „не сака кога некој вика на него“.

Неговите коментари потекнуваат од неодамнешното интервју за „Телеграф“, пред објавувањето на новиот албум на „Ролинг Стоунс“, „Hackney Diamonds“.

Музичарот изјавил дека иако слуша различни жанрови, вклучително блуз, класика и џез, тој не ужива во рап музиката и смета дека попот отсекогаш бил лош.


„Не сакам да почнам да се жалам на поп музиката. Отсекогаш била лоша. Мислам, тоа е и поентата. Ја прават евтина и што е можно поедноставна, така што секогаш звучи исто. Во неа има многу малку емоции“, зборувал Ричардс и продолжил.

„Сакам да слушам музика од луѓето кои свират на инструменти. Односно, не сакам да слушам пластична синтетичка музика, онаква каква што ја слушате во лифтовите, а денес стана стандард.“


Зборувајќи за своите ставови за рап музиката, Ричардс изјавил: „Не сакам некој да вика на мене и да ми вели дека тоа е музика. Тоа го имам доволно и дома“.

Претходно овој месец, „Ролинг Стоунс“ го најавиле „Hackney Diamonds“, нивниот прв официјален оригинален албум по „A Bigger Bang“ од 2005 година, кој ќе биде објавен на 20 октомври.




Спонзорирани линкови

Маркетинг