(Фото) Селена Гомез изненадува со својот нов имиџ: Пејачката со деколте какво што не покажала досега

Точка

26/09/2023

12:47

6.723

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез видно го промени својот имиџ, а токму поради тоа е во центар на вниманието на јавноста периодов. Како престврт на новиот стил, последното издание беше моден шок.

Имено, на последното појавување во Париз, Селена го истакна своето деколте како никогаш досега.

Ова модно есенско издание ги воодушеви нејзините фанови кои будно ја следат Гомез низ нејзините појавувања на модната недела во Париз.


Пресеченото црно сако како одлично парче за есенските денови, таа го искомбинирала со корсет кој ги истакнува нејзините гради како најјак пуш-ап на светот.


Широките панталони кои ги носела ниту малку не го ублажиле ефектот на комбинацијата бидејќи вниманието на стајлингот бил целосно насочен кон горниот дел.


Периодов многумина го коментираат новиот изглед на Селена, кој се должи на промената на нејзиниот стилист. Мислењето кај многумина е поделено, но нејзините верни фанови и понатаму ја опсипуваат со позитивни коментари и поддршка.

Дали ви се допаѓа вам новиот изглед на Гомез?




Спонзорирани линкови

Маркетинг