Ракот на грлото на матката е малигно заболување кое се развива во делот на матката што се отвора во породилниот канал.
Тоа се случува кога се појавуваат неповратни промени во клетките што го обложуваат грлото на матката и тие почнуваат да растат неконтролирано, во огромното мнозинство на случаи поради долготрајна инфекција со високоризични типови на хуман папиломавирус или ХПВ.
Истражувањата покажуваат дека во над 99 проценти од случаите, ракот на грлото на матката е предизвикан од хронична, нетретирана инфекција со хуманиот папиломавирус (ХПВ). Но, како да препознаете дека се работи за овој вид на рак? „The Sun“ пишува дека постојат неколку суптилни знаци кои повеќето жени ги игнорираат, а кои може да укажуваат на рак на грлото на матката.
Овие симптоми го вклучуваат следново:
-крварење или болка после сексуален однос
-крвав вагинален исцедок
-крв во урината
-крварење помеѓу менструацијата
-периоди кои се потешки и поболни од вообичаеното
-вагинално крварење по менопаузата
-стомачна болка.
Како што објаснуваат гинеколозите, иако овие симптоми не мора да значат дека жената боледува од рак на грлото на матката, кога ќе се појави некој од нив, неопходно е да се направи контролен преглед за да се исклучат сите компликации. Само навремена дијагноза може да даде успешни резултати во лекувањето на оваа болест, додаваат лекарите.