(Видео) Продолжува потрагата по уште двајца исчезнати кај Дубровник, вчера беа спасени девет

Макфакс

26/09/2023

07:32

3.289

Големина на фонт

а а а

Кај Дубровник вчера исчезнаа неколку лица кои биле на кајаци. До вечерта беа спасени девет лица, а потрагата по уште најмалку двајца продолжи.

Потрагата беше прекината синоќа кога падна ноќта, а е обновена утрово.

Околу 15:20 часот вчера во хрватската полиција пристигнала пријава од граѓани кои забележале неколку превртени кајаци на отворено море.