(Видео) Прво огласување на Расел Бренд по грозните обвиненија за силување – објавил видео, еве што има да каже

Точка

23/09/2023

14:10

4.722

Големина на фонт

а а а

Актерот и комичар Расел Бренд вели дека е жртва на завера и дека ова за него била „вонредна и вознемирувачка“ недела, откако против него биле изнесени обвиненија за силување и сексуален напад.

Во триминутното видео објавено на социјалните мрежи тој им се заблагодарил на следбениците на поддршката и тоа што ги доведуваат до прашање информациите кои им се презентирани, пренесува „BBC“.

Тоа е неговиот прв јавен коментар откако обвиненијата против него минатиот викенд биле објавени на „Sunday Times“ и „Dispatches“.

Да ве потсетиме, во заедничка истрага која ја спровеле, четири жени го обвиниле Бренд за сексуално злоставуавње и силување меѓу 2006 и 2013 година.

Бренд ги негирал тврдењата пред обвиненијата да бидат објавени, велејќи дека неговите жени секогаш биле „за договор“.


Актерот и комичар директно не се осврнал на обвиненијата во триминутното видео објавено во петокот, но изнел тврдење за она што е опишано како „медиумска корупција и цензура“, ја обвинил владата дека сака да го цензурира.

Тој рекол дека ќе објави целосно видео на страницата за видео стриминг „Rumble“ во понеделник, па додал дека платформата „јасно се обврзала на слобода на говор“.

Бројни обвиненија

Неделава уште една жена го обвинила Бренд дека ѝ го покажувал половиот орган, а потоа на тоа се смеел неколку минути подоцна во својата радио-емисија која била емитувана на „BBC“ во 2008 година.


Јутјуб исто така ги суспендирал каналите на Бренд за да не може да заработува од огласи, а причината е „кршење на политиката на одговорност на креаторот на видеосодржини. Од Јутјуб порачале дека преземаат мерки за заштита на своите корисници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг