(Видео) Тирамису куглици: Неодоливи бомбици со пишкоти и Нутела

Точка

23/09/2023

12:29

13.386

Големина на фонт

а а а

Тирамису куглиците се ситни колачи кои ќе ве освојат на прв залак, а нивната подготовка е многу едноставна.

Овие ситни колачи ќе ја разубават секоја трпеза, а не постои домаќинка која нема да знае како да ги направи.

Потребни состојки:

- 200 гр. пишкоти

- 130 гр. маскарпоне

- 30-40 гр. шеќер во прав

- ½ лажица инстант кафе

- 30 мл. вода

- 60 мл. слатка павлака

- 30 мл. изладено еспресо

- Нутела

- какао во прав

Начин на подготовка:

Добро изблендирајте ги пишкотите, а во друг сад изматете го маскарпонето, шеќерот во прав, инстант кафето и слатката павлака.

Соединете со миксер, а потоа додајте го изладеното еспресо и уште малку матете. На крајот додајте ги мелените пишкоти. Добро промешајте за да добиете хомогена смеса, па земајте по малку од неа и формирајте топчиња. Секое од топчињата малку притиснете го со рацете, па наполнете го со Нутела. Повторно обликувајте топче, па извалкајте ги во какао во прав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг