Се продава уникатен „Saab“ со брутален изглед

Точка

22/09/2023

15:02

9.177

Големина на фонт

а а а

Автомобилот е понуден на аукција, а би можел да постигне огромна цена.

Нема многу автомобилски марки кои имаат толку верни следбеници како што е „Saab“. Иако не постои и не произведува нови автомобили веќе со години, возилата на „Saab“ и натаму се присутни на патиштата, а нивните сопственици се грижат за нив и ги возат. Тоа е љубов која се раѓа на прв поглед и допир, безрезервна и вечна.

За што зборуваме, најдобро покажува еден пример од 1997-ма година. Тогаш „Saab“ славел 50 години постоење, а еден од најголемите поклоници, Пер Екстром, по тој повод во својата каросериска работилница изработил уникат на основа на моделот „9000“.


Екстром на својот преработка потрошил меѓу 3.000 и 4.000 работни часови и создал една од најдобрите преработки кои „Saab“ некогаш ги видел. Пет години порано направил слична преработка на основа на „Saab 99“.

Најновиот се нарекува „Saab EX“, а претставува мешавина од моделите „9000“ и „NG900“ во купе изведба која и денес предизвикува воодушевување. Не само што е во целост испочитувана дизајнерската филозофија на „Saab“, туку создал купе кое би го посакал секој колекционер.

Целосниот опис на автомобилот можете да го најдете ТУКА.


И да, како и секој „Saab“, и овој е со покритие. Преведено, тоа значи 2.3 Турбо со „Nordic stage 3 kit“ и преку 300 коњски сили. Автомобилот сега се наоѓа на аукција во понудата на „Bonhams“, а се очекува дека би можел да постигне цена од 90.000 евра.