Протече тажната вистина за разводот во којшто никој не сака да верува: Која е причината за крајот на љубовта на Хју Џекмен и Дебора после 27 години заедница?

Точка

22/09/2023

14:46

9.053

Големина на фонт

а а а

Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес со години важеа за еден од најстабилните и омилени брачни парови во светот на славните, но по 27 години брак тие одлучиле да се разведат.

Нивната одлука изненадила многумина, а се појавиле и бројни теории за тоа што пресудило на нивниот брак.

Сега ситуацијата ја прокоментирал еден од водечките и упатени луѓе во австралискиот шоубизнис, новинарот Питер Форд којшто ги осудил гласините кои кружат на таа тема. Во разговор за „6PR Breakfast with Millsy and Karl“ тој ги отфрлил лудите теории кои кружат за разводот на парот и го споделил своето мислење за една од тажните причини поради кои парот се разведува.


„27 години брак во шоубизнис светот, тоа е многу, тоа е како 186 години во услови на реалните луѓе. Такво нешто за пар во 50-тите и 60-тите години не е ништо необично, но кога децата им се самостојни, сфаќаат дека повеќе ништо не ги поврзува и одлучуваат да оди секој по својот пат. Некои од работите кои ги прочитав во текот на викендот едноставно се преглупави. Постојано ја читам таа приказна во која некој кажал дека почнале да се појавуваат проблеми поради тоа што Дебора Ли не била на пробите за „The Music Man“. Зошто би била? Таа не глуми во него“, изјавил Питер.

Тој ги критикувал и колегите во медиумите поради ширење на гласини за ѕвездата од А-листата, пред да споделат некои едноставни увиди во начинот на размислување на Хју. Открил дека вежбале во иста теретана пред многу години и рекол дека често го гледал актерот во теозофско друштво во Мелбурн.


„Таму често одржуваше курсеви по будизам, спиритуализам и медитација, така што секогаш беше во потрага по нешто“, рекол Форд.

Веста за неговиот развод многумина растажила, а нивен близок извор за „Page Six“ открил дека тоа всушност било очекувано, но било само прашање на време кога ќе дојде до крај.

„Тоа се случи пред одредено време, пријателите и семејството знаеја за тоа. Проблемите меѓу нив постоеле одредено време, почнале дури и пред Хју да се врати на Бродвеј во февруари 2022 година глумејќи во претставата „The Music Man“. Деб не била често на пробите, а на некои од нив спиела“, открил извор за „Page Six“ и додал дека во разводот не биле вклучени трети лица туку дека Хју и Дебора станале обични цимери кои само заедно живееле.


54-годишниот Хју и 67-годишната Дебора заедно имаат две деца, а во брак биле цели 27 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг