Кејн посочи кои три екипи се фаворити за пехарот во ЛШ

Дерби

21/09/2023

15:03

3.431

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн го издвои екипите кои според него ќе го водат главниот збор во оваа сезона во Лигата шампионите или поточно меѓу нив може да се побара најдобриот клуб на стариот континент.

Англичанецот долго време беше дел од Тотенхем каде не успеа да освои ниту една титула, ама имаше можност да игра во елитното натпреварување и знае каква тежина носо истото и колку е тешко да се стане првак. Според Кејн првакот може да биде еден од овие три состави-Манчестер Сити, Реал Мадрид и неговиот Баерн.

-Не знам дали има некој изразит фаворит, но секогаш треба да го спомнете Манчестер Сити како актуелен шампион. Потоа тука е Реал Мадрид со својата фантастична историја и мислам дека и Баерн е меѓу фаворитите.

-Се разбира, Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување со извонредни дуели против величествени тимови и никогаш не се знае што може да се случи. Нашата цел е да го контролираме она што можеме да го контролираме и да ја дадеме нашата најдобра верзија, -порача голгетерот.