Инѕаги издвои еден играч на Интер: Бевме во подредена позиција, ама тој не остави во игра

Дерби

21/09/2023

15:02

2.751

Големина на фонт

а а а

Интер не блескаше, ама успеа да остане непоразен на соочувањето со Реал Сосиедад во Сан Себастијан.

Италијанскиот преставник беше пред пораз на ова гостување, но на крајот пронајде начин за да постигне гол преку Лаутаро Мартинез и се избори за реми од 1-1.

Мартинез призна дека страдале на овој натпревар, а нешто слично кажа и тренерот Симоне Инѕаги.

-Предвидував дека играта може да се движи во овој рпавец, се соочивме со квалитетен противник, бевме во подредена позиција, но добро се снајдовме и останавме во игра. Израмнивме и на крајот дури сакавме и да победиме. Ова беше нашиот прв натпревар во Лигата на шампионите. Ќе земеме бод свесни за она што го предупредив, а тоа е дека Реал Сосиедад е квалитетен тим, -рече Симоне кој го издвои голманот Јан Зомер.

-Многу играчи беа уморни, но сите во Интер се мачеа во првото полувреме, не само оние кои беа заменети. Јан Зомер ни помогна да останеме во игра и добро се снајдовме во последните 20 минути, -порача стратегот кој сега треба да го подготви составот за соочувањето со Емполи, најслабиот тим во Серија А во досегашниот дел од сезоната.