Стеф Кари за многумина е најдобриот шутер на сите времиња, играч кој ја промени кошарката и играч чие име дефинитивно со големи букви ќе биде запишано во историјата на НБА и овој спорт.
Плејмејкерот има 35 години, меѓутоа засега не размислува за пензија и тоа со право затоа што игра на највисоко ниво. И во престојнава кампања тој ќе биде главна ѕвезда на „воините“ во обидот да се дојде до нов пехар, а кога некој тим во своите редови го има Стеф тогаш се е возможно.
Кари едноставно е шутерска машини, нереален, а дополнителна потврда за тоа е видео кое неговиот клуб го објави на социјалните мрежи и на кое се гледа дека тој не може да промаши ниту една тројка повеќе од пет минути.
Навивачите кои го гледаа видеото избројаа дека погоди 103 шута во низа што е навистина неверојатно.
5+ minutes without a miss.
— Golden State Warriors (@warriors) September 19, 2023
Stephen Curry is unreal. pic.twitter.com/wGHtywu0g1