Бајден изгубен во ОН! Најпрво ќе го турнел бразилското знаме, а потоа го изнервирал Лула: „Ме слушаш ли?“

Точка

21/09/2023

14:38

2.488

Големина на фонт

а а а

Нов гаф на американскиот претседател Џозеф Бајден, и тоа на сред седиштето на Обединетите нации.

Американскиот претседател Џо Бајден одлутал од бината на ОН, а не се ракувал со бразилскиот лидер Лула да Силва кого потегот на првиот човек на САД видно го изнервирал.

Бајден само заминал, откако двајцата лидери зборувале за иницијативата за подобрување на правата на работниците во двете земји.

Претседателот на САД претходно, доаѓајќи на бината, за малку ќе го турнел бразилското знаме кое било на подиумот покрај американското.

Бајден и Силва соопштиле дека започнале заедничка иницијатива за унапредување на правата на работниците. Двајцата лидери, зборувајќи пред билатералниот состанок на маргините на Генералното собрание на ОН, ја истакнале важноста од пристојните работи, добрите плати и обезбедувањето работниците да имаат корист од дигиталната транзиција и транзицијата кон зелена енергија.

„Двете најголеми демократии во западната хемисфера се залагаат за човекови права ширум светот, а тоа ги вклучува и правата на работниците“, рекол Бајден.


Тој додал дека рекордниот профит на корпорациите треба да подразбира и рекордни плати за работниците, без оглед на тоа за кој синдикат на работници станува збор.

Бајден навел дека американско-бразилското партнерство за работнички права ќе почне како билатерална иницијатива, но дека други држави и организации се добредојдени. Лула, предупредувајќи дека демократиите ширум светот се загрозени, рекол дека е од клучна важност да се зацврстат правата на работниците и додал дека новата иницијатива ќе помогне да се разбуди надежта во работничките семејства.


„Ова е повеќе од билатерална соработка. Ова е нова ера за американско-бразилските односи меѓу рамноправни партнери“, рекол Лула.

Тој истакнал дека „нема демократија без моќни синдикати“.