(Фото/Видео) Градот во којшто доминира несекојдневниот дух на младоста најдобро е да го посетите во есен

Точка

21/09/2023

13:30

18.118

Големина на фонт

а а а

Жителите на Грац често знаат да кажат дека тој град е поинтересен од многу попознатата Виена.

Грац е опуштен, лежерен, модерен и во секој поглед исклучителен, што секој кој ќе го посети со задоволство го потврдува тоа.

Грац е втор по големина град во Австрија, има околу 300.000 жители, од кои 40 илјади студенти на кои му го должи својот младешки дух.

Локалните кафеани и барови се сместени околу историското езеро на градот кое перфектно е сочувано. Во вториот дел од градот, во околината на Универзитетот Karl Franzén, западно од центарот, исто така доминира несекојдневниот дух на младоста.

Грац е познат по својата автентична архитектура, ги преживеал релативно добро нападите во текот на Втората светска војна. Сѐ е во знакот на топлиот 19 век, времето кога науката напредувала рапидно. Шетањето по улиците на центарот е вистинско задоволство и тоа е нешто што се препорачува секому којшто првпат е во градот.


Од знаменитостите кои ги има многу, треба да се издвои замокот Grazer Schlossberg и пазарот Kasiser-Josef-Platz, како и популарниот остров на река Мури. Особено интересен е фактот што во Грац се наоѓа и музеј посветен на Арнолд Шварценегер затоа што „терминаторот“ е роден токму во овој град.

Грац е главен град на сојузната покраина Штаерска во Австрија која е поопуларна по неверојатната храна и вино. Посетителите можат да уживаат во традиционалните јадења со многу месо, а задоволството може да го добијат и со врвните вина од тој регион.


До Грац лесно се стигнува со било каков превоз, одлично е поврзан со сите градови, но сепак на туристите им се препорачува да искористат возење со воз од Виена до Грац.

Грац е жива и привлечна дестинација за посетителите кои бараат комбинација на историја, култура, архитектура и природна убавина. Есента некако е идеално доба за посета на овој град, тогаш природата се подготвува за зимскиот одмор, па сите бои се во состав со боите на градот, додека по улиците се шири прекрасен мирис на печен костен.