Британски судија признал дека користел "ChatGPT" за пишување на пресуди

Точка

21/09/2023

10:22

8.796

Големина на фонт

а а а

Судија во Апелациониот суд во Обединетото Кралство рекол дека има доверба во одговорите генерирани од "ChatGPT", но нагласил дека е важно да не се потпираме на вештачката интелигенција за теми за кои немаме познавање.

Судија на Апелациониот суд во Велика Британија, Џастис Бирс го искористи "ChatGPT" за да напише пресуда. Тој смета дека е многу корисна апликација и укажува дека употребата на оваа апликација му помогнала да резимира област на правото со која не бил запознаен. Судијата Бирс е одговорен за правото за интелектуална сопственост и посочи дека таквите алатки имаат „голем потенцијал“ да им помогнат на луѓето да станат поефикасни на работа.


Претходно оваа година, двајца адвокати во Њујорк беа казнети поради лажни тврдења генерирани од "ChatGPT". Овие тужби покажаа дека користењето на апликацијата претставува повреда на правата на клиентот. Од друга страна, судијата Бирс недвосмислено вели дека во текот на пресудите препишувал делови од текстот од "ChatGPT" и укажува на предностите на оваа можност.


Посебно изненадува тоа што се работи за судија кој се занимава со заштита на интелектуалната сопственост. Очигледно е дека судијата не е соодветен и дека веројатно би било подобро процесите во неговата судница навистина да ги води "ChatGPT".




Спонзорирани линкови

Маркетинг