Компанијата на Илон Маск за чипови за мозок почнува со клинички испитувања

Точка

20/09/2023

17:29

9.546

Големина на фонт

а а а

Компанијата на Илон Маск за имплантација на чипови во мозок „Neuralink“ соопшти дека добила одобрение од независни комисии да започне со регрутација на пациенти за својот прв експеримент на луѓе.

„"Neuralink“ бара пациенти за тестирање на нејзиниот мозочен имплант за парализирани луѓе во клинички испитувања“, се наведува во соопштението.

Имплантот ќе биде тестиран кај пациенти кои патат од парализа поради повреда на ’рбетниот мозок. „Neuralink“ не открива каде истражувањето, кое ќе трае околу шест години, ќе се одржи и колку учесници ќе вклучува.


„Neuralink“ соопшти дека од американската Агенција за храна и лекови е примено одобрение за почеток на тестирањата на чипови за мозок на луѓе во мај 2023-та.

Чиповите претходно биле успешно тестирани на мајмуни.


Дури и ако мозочниот имплант се покаже како безбеден, експертите велат дека би можеле да поминат повеќе од 10 години за иницијативата да се одобри за комерцијална употреба.

Компанијата „Neuralink“ од 2016-та година има за цел лекување на невролошки нарушувања како парализа и слепило и подобрување на квалитетот на животот на лицата со инвалидитет, благодарение на микрочиповите кои се поставуваат во мозокот.


Експертите, од друга страна, предупредуваат дека прелиминарните студии на мозочните импланти на „Neuralink“ би требало да бидат внимателни и сеопфатни, земајќи предвид можни технички и безбедносни проблеми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг