Ким Џонг-ун доби подароци во Русија, Западот вознемирен

Макфакс

18/09/2023

08:31

5.491

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби панцир и дронови камикази на крајот од неговата посета на Русија, како подарок, што го алармираше Западот за потенцијалната воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг.

Тој доби пет дронови камикази и извидувачки дрон како подарок од регионалниот гувернер по посетата на изложбата на оружје и воена опрема во Владивосток, на рускиот далечен исток.

„Овој дрон може да полета и да слета на кој било мал, затворен простор. Не му треба платформа за слетување. Ви го подаруваме. Вашите момци можат слободно да го прегледаат уредот, ние сме подготвени да обезбедиме“, му рече гувернерот на регионот Приморје, Олег Кожемјако на Ким Џонг-ун.

На снимката објавена од руската државна новинска агенција РИА се гледа како Ким оди по црвениот тепих кон воз во далечниот руски град Артјом со звуците на воен бенд и мавта кон толпата. Артјом е 254 километри од станицата Хасан на руската граница со Северна Кореја.


Посетата на Русија на севернокорејскиот лидер, кој ретко ја напушта својата земја, означува нов врв на пријателство, солидарност и соработка во историјата на развојот на односите меѓу Северна Кореја и Русија, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва сака да развие рамноправна и фер соработка со Северна Кореја и покрај санкциите наметнати на Пјонгјанг од страна на Советот за безбедност на ОН.

„Ние не воведовме санкции за Северна Кореја, Советот за безбедност го направи тоа. Затоа, контактирајте го Советот за безбедност и ќе развиеме еднаква и правична соработка со Северна Кореја“, рече Лавров во интервју за државната телевизија, чии делови беа објавени во медиумите.


Кремљ објави дека се придржува до санкциите на ОН, но во исто време има право да развива добрососедски односи, кои ги вклучуваат и оние поврзани со чувствителни теми.

Соединетите Држави и сојузниците се загрижени за затоплувањето на воените врски меѓу двата соседа додека Русија ја продолжува својата инвазија на Украина, а Северна Кореја, изолирана комунистичка држава, продолжува да развива нуклеарни проектили и планови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг