(Фото/Видео) Земјата на викинзите, гејзерите, огнот и вулканите е една од најпосетените дестинации во Европа годинава

Точка

14/09/2023

16:02

18.038

Големина на фонт

а а а

Оваа сурова земја само на прв поглед делува негостопримливо. Во пракса, работите се целосно поразлични отколку што изгледаат.

Земјата на викинзите, гејзерите, огнот и вулканите е една од најпосетените европски дестинации годинава.

Исланд е една од најпосетените дестинации. Доколку ваквиот позитивен тренд на туристички посети продолжи, Исланд судејќи по многу работи ќе го сруши рекордот од пред пандемијата и ќе го надмине рекордот од 2019 година.

Европа секогаш била на врвот на листата на патниците и туристите ширум планетата. Стариот континент содржи градови со сочувана, автентична архитектура, богата историја и врвна гастрономија, што е само дел од причината поради која Европа е барана дестинација кај туристите.

Меѓутоа, меѓу бројните дестинации во Европа туристите годинава најмногу го бирале Исланд. Според пишувањата на страницата „Traveloffpath“, од почетокот на годинава над четири милиони туристи ја посетиле оваа земја. Тоа можеби и не делува како да се многу луѓе, но треба да се земе предвид дека целата популација на оваа островска земја изнесува над 370.000 жители.

Овој тренд станал актуелен со воведувањето на нискобуџетните летови, но и состојбата која глобално останала недопрена по пандемијата. Сѐ повеќе луѓе одлучуваат одморот да го поминат во природа наместо во пренаселените градови кои ги „прегазил“ масовниот туризам.Мирот, природата и условно кажано самотијата, денес се исклучително барани, а Исланд тоа го има во изобилство.


Исланд низ годините е безбедна дестинација за патување. Има многу содржини кои можат да се видат и посетат, како за индивидуалци така и за семејства.

Особено атрактивни се природните убавини на оваа земја, вклучувајќи ги гејзерите и вулканите, нереално убавите водопади и плажите покриени со црн, вулкански песок.