(Во живо) Протест за скандалот со кражба на лекови на Онкологија: „Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“

Макфакс

04/09/2023

18:23

3.092

Големина на фонт

а а а

Граѓаните се собираат на протестот пред Владата поради случувањата на Клиниката за онкологија по објавите дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.

Организаторите на протестот најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

Протестот од Владата, ќе продолжи пред Министерството за здравство.

Во живо: Протест за скандалот со кражба на лекови на Онкологија

Во живо: Протест за скандалот со кражба на лекови на Онкологија

Posted by Makfax on Monday, 4 September 2023

„Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во живото-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години“, се вели во повикот за протестот објавен на социјалните мрежи.

„Убијци за профит“ – народ се собра пред Владата по скандалот со кражба на лекови на Онкологија, се бараат оставки

„Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“. Со вакви транспаренти толпа демонстранти се собраа денес пред Владата на протест по скандалот со кражба на лекови на Онкологија.

Пред владината зграда се скандира „крадци, убијци“, а се бараат и оставки.


Меѓу присутните има и лекари, кои дојдоа да го искажат својот револт.

Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.


Организаторите на протестот најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.